СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Сите предности на полисата за животно осигурување

Полиса за животно осигурување и штедење, во едно се добиваат две придобивки. Со штедната компонента како финансиски производ, полисата за животно осигурување стана се поатрактивен и побаран начин за менаџирањето на сопствените средства. Тука не постои ни дилема, ниту пак едниот избор го исклучува другиот.

Новите опции што ги нудат осигурителните компании, разни пакети и спојување на финансиски услуги придонесоа кај граѓаните постепено но континуирано да се зголемува свеста за потребата од животно осигурување но и за поволностите што ги нудат компаниите за животно осигурување. Дел од причината за тоа е што осигурителните компании во своите понуди внесуваат додадена вредност и дополнителна придобивка за корисникот.

Осигурувањето на живот всушност претставува заштита и обезбедување на оние кои зависат од осигуреникот, неговото семејство, деца и слично. Додека животот е осигуран истовремено со вложените средства или месечни уплати на животна полиса, се создава акумулирање на средства, еден вид заштеда за сигурност на семејството. Тоа дава дополнителна вредност на полисата за осигурување на живот и поголема вредност на инвестираните пари.

Ова е финансиски производ кој покрај осигурувањето на животот, уште и ја гарантира и сигурноста на вложените пари. По истекот на осигурителниот период, осигуреникот ги добива своите пари во износ договорен при склучување на полисата, воедно за цело времетраење на полисата неговиот живот е осигуран, а најблиските се финансиски заштитени од евентуални несакани последици. Токму ефективното и продуктивно спојувањето на овие две компоненти ја буди довербата на граѓаните во работата на Кроациа осигурување живот, која има најголем удел на пазарот за животно осигурување по полисирана премија 38% за изминатата година.

Со плаќање еднаш годишно приближно 11.000 денари, или околу 900 денари месечно се добива почетен пакет за животно осигурување и финансиско обезбедување, за себе или за семејството, а висината на договорените износи за исплата зависи и од траењето на полисата, што може да биде меѓу 10 и 30 години.

Поврзани вести

LIBOR заминува во историја, централните банки треба да се подготват

Влатко Зорба

Список на земји што ви нудат виза ако работите од дома

msp-admin

Прво локално партнерство за вработување за креирање повеќе и подобри работни места

msp-admin