СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бафет ги продал сите акции на Pfizer

Инвестициската компанија на Ворен Бафет, Berkshire Hathaway ги објави своите инвестиции за четвртиот квартал на 2020 година, пишува „Yahoo Finance“.

Уделот на компанијата во Verizon Communications значително се зголеми, со тоа што Berkshire Hathaway сега поседува 147,6 милиони акции, проценети на 8,6 милијарди долари. Ова ја прави шестата најголема инвестиција на Бафет.

Вчера по позицијата беше забележан раст од 2,95% на 55,75 долари по акција.

„Berkshire“ испрати тешка година, но 2021-ва може да донесе нови можности за Бафет

Berkshire Hathaway исто така објави нови набавки од Chevron и E.W. Scripps & Co., со 48,4 милиони акции купени од нафтената компанија и 23,07 милиони акции од издавачката компанија

Тимот на Бафет исто така го прошири портфолиото на Berkshire во неколку фармацевтски компании – Bristol Myers Squibb, Merck и AbbVie, но се продадени целосно акциите на Pfizer, една од компаниите што ја развиваат вакцината КОВИД-19.

Berkshire продолжува да ги намалува своите инвестиции во финансискиот сектор, продавајќи скоро 75 милиони акции на Wells Fargo во текот на кварталот, како и вкупниот удел на компанијата во JPMorgan Chase (JPM) и PNC Financial.

Минимално – за 6%, инвестицијата на Бафет во Apple беше намалена, откако во последните три месеци од 2020 година, 57,16 милиони акции беа продадени од најскапата компанија во светот.

Бафет го продаде и целиот свој удел во Barrick Gold – позиција што беше објавена во вториот квартал на 2020 година.

Поврзани вести

Виз ер: Во наредните 11 месеци нема никакви промени во начинот на патување кон и од Велика Британија

msp-admin

VW и Microsoft ја прошируваат соработката на софтверот за автономни возила

Влатко Зорба

Вредноста на „Тесла“ близу 400 милијарди долари

msp-admin