СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Безос продал акции вредни 3,4 милијарди долари пред да избие пандемијата

Милиони луѓе низ светот останаа без работа, а штетите од пандемијата на коронавирусот се проценуваат на неколку илјади милијарди долари.

Но, не се сите “губитници“ во оваа ситуација. На пример, најбогатиот човек на светот сега е побогат за 5,5 милијарди долари од почетокот на годината. Неговото богатство во хартии од вредност е зголемено за 3,9 милијарди долари на 120 милијарди долари, што е доволно за да купи 188.000 златни прачки, пишува The Guardian.

Педесет и шестгодишниот Безос се спаси од голема загуба, бидејќи продаде свои акции во Аmazon во февруари, пред да избие глобалната пандемија од коронавирусот.

Регулаторните тела покажуваат дека Безос продал акции од Amazon во висина од 3,4 милијарди долари во првата недела на февруари, пред да почнат драстично да “паѓаат“ берзите.

Поврзани вести

Усје со добивка од 191,6 милиони денари го заврши првото тримесечје

msp-admin

Германија ќе дозволи употреба на 5G технологија на Huawei во замена за гаранции од Кинезите

msp-admin

Гугл: До септември 2021 година, вработените можат да работат од дома

msp-admin