СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ФИТР: 158 предлог дигитални решенија за справување со последиците од КОВИД-19 одат во фаза на финална селекција

Вкупно 158 од 546 пристигнати иницијативи одат во фаза на финална селекција на јавниот повик Креатон наменет за креирање на дигитални алатки и решенија за справување со последиците од вирусот Ковид-19.

Како што соопшти Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), сите апликанти чии иницијативи поминаа претселекција, во следните 48 часа треба да изработат активности и буџет, како и куса видео презентација (pitch) пред Комисијата за евалуација и избор. Комисијата, се додава во соопштението, е составена од членови на Швајцарската амбасада, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и ФИТР, а предлозите се оценуваат според степен на иновативност, рок и механизми за реализација, капацитет на проектниот тим и влијание.

– Предлог иницијативите нудат решенија во неколку области – во најголем дел се наменети за е-образование, медицина, ИТ платформи за прилагодување на бизнисот во услови на криза, финансии и трговија, како и информирање, култура и слободно време. Решенијата што по завршување на оваа фаза ќе бидат избрани за реализација имаат рок од 15 дена да бидат функционални, се наведува во соопштението.

Се очекува, велат од Фондот, решенијата да бидат целосно применливи и во нормални услови, по прекинот на превентивните мерки поврзани со вирусот Ковид-19, како придонес кон забрзана дигитализација на општеството.

Вкупниот буџет за повикот е 10 милиони денари, со максимален износ по апликација од 10 илјади евра во денарска противвредност.

– Овој повик е прва од иницијативите на Фондот за справување со последиците од Ковид-19. Тимот на ФИТР веќе финализира и нови предлози за поддршка на своите корисници и домашната економја како дополнение на пакетот економски мерки на Владата, се вели во соопштението.

Поврзани вести

Ердоган: Ќе ја направиме Турција една од десетте најголеми економии во светот

Влатко Зорба

Пад на вработеноста во Германија по 14 години

Влатко Зорба

Колку е сега „тежок“ најбогатиот човек на светот?