СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Пад на акциите на Волстрит

Трите главни индекси на Њујоршката берза забележаа пад за повеќе од 4,0 проценти синоќа, по предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп за можна голема смртност од коронавирусот во наредните две недели, што ги натера инвеститорите на панична продажба, па дури и активи кои се сметаат за безбедни.

Индустрискиот индекс Дау Џонс падна за 973 поени, или 4,44 проценти, на 20.943 поени, С & П 500 потона за 4,41 проценти, на 2.470 поени, а технолошката „Насдак композит“ изгуби 4,41 проценти од вредноста, паѓајќи на 7.360 поени.

Цените на акциите на Вол Стрит паднаа, откако Трамп ги повика Американците да се придржуваат кон строгите мерки за одржување физичко растојание за време на, како што рече, „две тешки недели“кога во САД животот би можеле да го изгубат меѓу 100.000 и 240 000 луѓе .

Вчера, и на европските берзи нагло паднаа цените на акциите. Индексот на лондонската берза ФТСЕ 100 падна за 3,83 проценти на 5,454 поени, Франкфуртскиот ДАКС за 3,94 проценти, на 9.544 поени, а париски КАК 40 падна за 4,30 проценти на 4.207 поени.

Поврзани вести

Ова се трите групи работници кои најчесто добиваат отказ

Берта Китинска

Кои економии годинава паѓаат, а кои растат?

Влатко Зорба

Бескаматна кредитна линија Ковид 3, нова помош за стопанството

Берта Китинска