СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ако има втор бран на коронавирусот, пад на светскиот БДП од 7,6 отсто

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) предвидува глобална рецесија од 6,0 проценти за оваа година, пренесе „б92“.

Меѓутоа предупредува дека во случај на втор бран на пандемијата Ковид 19, падот на светскиот БДП би можел да достигне дури 7,6 отсто.

Во првото сценарио на ОЕЦД, се предвидува дека по падот од 6,0 проценти, светската економија ќе порасне со стапка од 5,2 проценти во 2021 година, според ажурираните проекции на организацијата, пренесува „Ројтерс“.

Меѓутоа, ако се реализира второто сценарио за длабока рецесија од 7,6 отсто во 2020 година, тогаш следната година растот би бил далеку побавен и би изнесувал 2,8 отсто.

ОЕЦД предвидува дека американската економија, најголема во светот, ќе забележи пад од 7,3 отсто оваа година, а потоа раст од 4,1 отсто во 2021 година. Ако има втор бран на зараза, американската економија би можела да потоне за 8,5 отсто оваа година и да порасне за само 1,9 отсто следната година.

Според оваа организација, Еврозоната очекува пад од 9,1 отсто во тековната година, а потоа раст од 6,5 отсто во следната, додека во случајот со вториот бран на Ковид-19 падот би можел да достигне 11,5 отсто, а растот во 2021 година би изнесувал 3,5 отсто.

ОЕЦД предвидува најдлабока рецесија за Велика Британија, од дури 11,5 отсто оваа година, за да регистрира економски скок од 9,0 отсто следната година, но во случај на втор бран на зараза британскиот БДП би можел да падне уште подлабоко, за 14 отсто оваа година, а во 2021 година ќе закрепне за пет отсто.

Поврзани вести

Испитувањето на вакцината против корона ја зголеми цената на нафтата

Stefanija Kuzmanovska

Ќе се менува енергетскиот профил: Над 50 отсто од енергијата ќе биде од обновливи извори

Берта Китинска

Бислимоски: Енергетски компании бараат, на сметка од 1.000 поскапување од 50 денари

Влатко Зорба