СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ДЗС: Невработени се 155.575 лица во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третиот квартал стапката на невработеност во земјава изнесува 16,5 отсто.

Забележан е пад од 0,2 отсто во однос на претходниот квартал кога изнесувала 16,7 отсто.

Бројките покажуваат дека активното население во овој квартал изнесувало 941.136 лица, од кои вработени се 785.561 лице, а невработени 155.575 лица. Во претходниот квартал активното население броело 964248, вработени биле 799.546 лица, а невработени 159.623 лица.

Меѓу невработените кај категоријата од 25 до 49 години стапката на невработеност е 16,1 отсто, додека кај оние од 50 до 64 години 12,6 отсто.

Меѓу невработените има околу 3000 лица без образование.

Сектори каде имаме најголем број вработени во третиот квартал се преработувачката индустрија со 154842 лица и трговијата на големо и мало 114.336 лица.

Поврзани вести

МФ: Поврат на ДДВ кон фирмите од 397,4 милиони евра во 2020 година

Влатко Зорба

За време на корона кризата во Гостивар вработени 76 лица

Берта Китинска

Во јуни повисоки трошоците на живот и цените на мало