СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НАЈГОЛЕМИОТ ПАД ВО ИСТОРИЈАТА: Америка во најдлабока рецесија досега, најмалку 40 милиони без работа

Дека најголемата светска економија е во рецесија, официјално беше потврдено во понеделникот од страна на Националното биро за економски истражувања (НБЕР), институцијата надлежна за утврдување кога започнува и кога завршува рецесијата во Соединетите држави.

Комитетот смета дека пандемијата на коронавирус и одговорот на зачувување на јавното здравство резултирале со пад на различните карактеристики и динамика во однос на претходните рецесии, се вели во соопштението на Комитетот за деловни циклуси на НБЕР.

И покрај овие разлики, Одборот заклучи дека заради „невидениот пад на вработеноста и производството, како и на широкиот опфат во општеството како целина, оваа епизода се смета за рецесија, дури и ако се покаже дека ќе биде пократок од претходните економски падови“.

Одборот соопшти дека има „јасен врв на месечна економска активност“ во февруари, додека врв на квартална активност се случил во последниот квартал од 2019 година.

Рецесијата обично се смета за застој во економијата во два последователни квартали, но тоа не е секогаш случај, а во Соединетите држави се смета дека НБЕР официјално одредува кога станува збор за рецесија.

Одборот изјави дека „значителен пад на активност се шири низ целата економија, што обично е видливо во производството, вработеноста и другите показатели“.

Комитетот исто така изјавува дека рецесијата започнува кога економијата го достигнува врвот на економската активност и завршува кога економијата ќе го достигне дното на циклусот.

Бруто домашниот производ (БДП) на Соединетите држави падна за 4,8 проценти во првиот квартал и веројатно ќе бележи најголем пад во историјата во вториот квартал, односно можеби повеќе од 20 проценти.

Оваа рецесија го означи крајот на најдолгиот период на раст на американската економија во историјата, кој траеше 128 месеци или скоро 11 години.

Патем, работодавците во САД отпуштија 7,7 милиони луѓе само во април, што е знак за длабочината на рецесијата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

По отпуштањето на 11,5 милиони луѓе во март, лошите резултати во април значат дека американската економија ги загубила придобивките што ги градела во текот на скоро една деценија за само два месеци и дека закрепнувањето би можело да биде долготрајно.

Се проценува дека најмалку 40 милиони луѓе во Соединетите Држави ги загубиле работните места како резултат на кризата предизвикана од пандемијата од коронавирус.

Поврзани вести

За еден ден заработил 5,1 милијарди долари!

Влатко Зорба

Заев и Малденовски во ТИРЗ 2: Инвестициите во инфраструктурата се најнеопходни и секогаш поздравувани од деловната заедница

Цената на златото на светските берзи денеска во еден момент беше највисока во историјата во однос на еврото