СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Отворање фабрика на швајцарската компанија „Баумер“ во ТИРЗ Скопје 1

Швајцарската компанија „Баумер“ денеска во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 ќе ја отвори својата фабрика.

На настанот, како што соопшти владината прес-служба, ќе се обратат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Александар Младеновски.

Договорот со оваа странска компанија беше потпишан во декември лани. Тогаш беше најавено дека инвестицијата ќе се реализира во три фази и оти компанијата ќе вложи девет милиони евра и ќе се отворат околу 300 работни места.

„Баумер“ е семејна меѓународна компанија која произведува напредна сензорска технологија, индуктивни и процесни сензори, кабли и други полуфабриканти од областа на електрониката. Има 38 подружници во 19 држави и вкупно 2.700 вработени.

Поврзани вести

„Современ дом“ и „ЗСФ“ со понуда за целосно преземање на „Скопски пазар“

Влатко Зорба

Влада: Податоците за раст на индустриското производство што ги објави ДЗС се потврда за стабилниот и одржлив раст на земјава

msp-admin

Ангеловска: Владината мерка 14.500 постои можност да важи и за јуни