СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Што прават најбогатите луѓе во светот за време на епидемија?

Милијардерите можеби имаат подобар пристап до тестирање за новиот коронавирус од луѓето кои немаат толку многу пари, но бидејќи властите ширум светот повикуваат на социјална дистанца, нема голема разлика меѓу милијардерите и „обичните луѓе“.

Еве како некои од најбогатите луѓе во светот ја поднесуваат епидемијата на коронавирусот.

Елон Маск сè уште оди на работа, додека им кажа на своите вработени дека тоа не мора да го прават.

„Ќе бидам на работа лично, но тоа важи само за мене“, напиша Маск во е-пошта до вработените во „Тесла“. „Сосема е во ред ако сакате да останете дома од која било причина“, додаде тој.

Маск исто така напиша во е-пошта дека верува оти јавноста претерала со пандемијата. „Моето искрено мислење е дека штетата од паника предизвикана од епидемијата далеку ја надминува штетата направена од самиот вирус“, напиша Маск.

„Ако има масовно пренасочување на медицинските помагала пропорционално на опасноста, тоа ќе резултира со помал пристап до грижа за оние со критични медицински потреби, што не служи за поголемо добро“, рече Маск.

Бил Гејтс го најави своето повлекување од одборот на Мајкрософт и Беркшир Хатавеј за да се фокусира на филантропија, откако вирусот го нарече „патоген на векот”.

„Одлучив да се повлечам од обете јавни одбори во кои сум, Макрософт и Беркшир Хатавеј, за да посветам повеќе време на филантропија, вклучително и глобалното здравје и развој, едукација и зголемување на ангажманот во борбата против климатските промени“, објави Гејтс на ЛинкдИн на 13. Март.

Гејтс претходно предупредуваше дека светот не е подготвен за пандемија.


„Заканата од смртоносна пандемија е еднаква на заканите од нуклеарна војна и климатските промени“, рече Гејтс во текст за Business Insider 2017.

„Иновацијата, соработката и внимателното планирање можат драматично да ги намалат ризиците на секоја од овие закани“, додава тој.

Во меѓувреме, неговата сопруга Мелинда Гејтс работи од дома и ужива на отворено.

„Што се однесува до мене, помеѓу видео-состаноците за одговорите на коронавирусот и други прашања во врска со фондацијата, на дневна агенда ми е излегувањето (додека сè уште ги следам правилата за социјална дистанца) за да ја апсорбирам природната убавина на Северозападен Пацифик“, напиша таа на својот Инстаграм профил.

Гејтс вети дека ќе донира 100 милиони американски долари преку својата фондација за поддршка на сите напори за лекување низ целиот свет, изградба на инфраструктура за нега на пациенти во Африка и јужна Азија и финансирање на развој на вакцина против вирусот, објави Бизнис инсајдер.

Џеф Безос разговараше со Белата куќа и сака да ги ангажира оние работници кои ги загубија своите работни места во „Амазон“.

Амазон е во процес да ангажира 100.000 нови вработени за да одговори на зголемената побарувачка, рече Безос во отвореното писмо до вработените во „Амазон“ објавено на неговиот профил на Инстаграм.

Безос исто така рече дека платите на вработените се зголемени за час, вклучително и на новите вработени. „Целото мое време сега е насочено кон КОВИД-19 и како „Амазон“ може најдобро да ја одигра својата улога“, напиша Безос.

„Сакам да знаете дека Амазон и понатаму ќе ја извршува својата улога и нема да престанеме да бараме нови можности за помош“.

Ворен Бафет се пошегува на „Јаху Фајнанс“ дека пиел Кока Кола за да се заштити од коронавирусот.

„Пијам малку Кока-кола, се чини дека отфрлив сè друго во мојот живот“, рече Бафет за време на настапот на „Јаху Фајнанс“ на 15 март, но дополнителната Кока Кола не го заштитила инвестициското портфолио на „Беркшир Хатевеј“. Компанијата изгуби 70 милијарди американски долари само на своите 10 најголеми инвестиции заради коронавирусот, објави „Маркетс инсајдер“.

Основачот на Алибаба, Џек Ма, донира милиони тестови и маски на погодените области. Тој вети дека ќе донира 500.000 тестови на САД на 12 март за вирусот и милион маски за лице.

Поврзани вести

ОКТА: Висока профитабилност како резултат на значително зголемена продажба и ефикасна оптимизација на трошоците

msp-admin

Америка сепак дозволи бизнис со Huawei – но не за 5G опрема

msp-admin

BMW очекува силен раст на профитот во 2021 година

Влатко Зорба