СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Сугарески: Со посебна Уредба се зголемува дневното возење на возачите на камиони

Владата ги за време на кризната состојба со цел да обезбеди непречен транспорт на стоки во земјава и странство ги одложи сите испити на возачите и важноста на сертификатите, а го зголеми и времетраењето на дневното и неделното седење зад волан на возачите.

Ова денеска го соопшти министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Со посебна уредба се зголемува дневното возење на возачите на 11 часа. Досега беше ограничено на 9 часа. Неделното време за управување со возило за време на кризата се зголемува од 56 на 60 часа. Вкупно во две последнователни недели возачите можат да воза до 100 часа, претходно беше 90 часа.

Возачите можат да возат 5, 5 часа па потоа да направат пауза од најмалу 45 минути. Претходно беше дозволено тие да возат 4,5 часа па да направат пауза. Редовниот дневен одмот се намалува од 11 на 9 часа – информира Сугарески.

Ова, како што рече Сугарески е донесено по барање на транспортните компании.

Владата ги продолжи и лиценците и овластувањата за проектирање на градби од прва и втора категорија .Лицанците и овластувања важат за време на вонредната состојба и 60 дена по вонредната состојба.

Исто така се продолжени и лиценците за изработка и ревизија на урбанистичките планови за време на важноста на вонредната состојба плус 60 дена по вонредната состојба.

Поврзани вести

ЈПДП: За изградба на патишта се планирани 1.075.000.000 денари

Влатко Зорба

Димковски: Откупени се 26 милиони 296 илјади и 424 килограми тутун со просечна цена од 220 денари за килограм

Петров: Покажавме дека ФИТР претставува појдовна точка на сите кои имаат храбри и иновативни идеи

Влатко Зорба