СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Постигнат договор во ЕУ: Пакет помош од 500 милијарди евра

Министрите за финансии на земјите членки на ЕУ постигнаа договор за пакетот помош од 500 милијарди евра за европските земји, сериозно погодени од пандемијата на коронавирусот. Претседателот на Еврогрупата, Марио Сентено, објави дека е постигнат договор по маратонските дискусии во Брисел.

Сепак, министрите не го прифатија барањето на Франција и Италија земјите членки на ЕУ да ги поделат трошоците за кризата со издавање на таканаречените “корона обврзници“.

Европската централна банка повика на одобрување на пакет помош до 1.500 милијарди евра, проценувајќи дека оваа сума ќе биде потребна за санирање на последиците од кризата.

И покрај ова, францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер го поздрави договорот, кој го опиша како најважниот економски план во историјата на ЕУ.

Поврзани вести

Оштетени штедачи: Во организираниот грабеж на Еуростандард учествувале сите 149 фирми наведени во извештајот за стечајниот управник

Влатко Зорба

Биткоинот достигна 15.000 долари, за првпат од јануари 2015 година

Stefanija Kuzmanovska

Директорката на ММФ на средба со Бежоска: НБ има витална улога во ублажувањето на влијанието на кризата

Влатко Зорба