Во време кога треба да се покаже солидарност и кога повеќе фирми и граѓани на сметките за донации за Ковид-19 на Министерство за здравство и Влада досега донираа околу 80 милиони денари, преку две уредби ја олеснуваме постапката, напиша на својот фејсбук профил министерката за финансии Нина Ангеловска.
– За донации на буџетските наменски сметки отворени за справување со Ковид-19:
– Се стопира претплатата на ДДВ за донираните стоки и услуги – нема да се уплатува ДДВ за донацијата, па после да се чека поврат
-За донацијата кон овие сметки нема да треба за се бара потврда од Министерството за правда
За сите донации во приватниот сектор за време на вонредна состојба:
– Електронски ќе може да се поднесе барање и да се добие потврдата од Министерство за правда
– Барањето за даночно ослободување до Министерството за финансии за дадена донација ќе се одвива електронски преку email комуникација со размена на документите во електронски облик (пр. PDF)
За донации за справување со Киводи-19, односно за поддршка на здравството и економијата, Владата и Министерството за здравство отворија посебни сметки, кои може да се најдат на следните линкови:
https://vlada.mk/node/20982 и https://bit.ly/3b8KtYa.
Сите детали за постапката за донации се достапни на линкот https://finance.gov.mk/mk/node/8670, напиша на фејсбук министерката Ангеловска.