Трговскиот дефицит на САД се зголеми за 7,2 проценти на месечна основа во март и достигна 64,2 милијарди долари.
Американското Министерство за трговија соопшти дека трговскиот дефицит во земјата пораснал на 64,2 милијарди американски долари од 59,9 милијарди долари што ги имал во февруари, пренесува Independent.
Овие податоци се над проценките на пазарот што очекуваа дефицит од 62,67 милијарди долари.
Во овој период, извозот на стоки се намали за 6,7%, додека увозот за 2,4%.
„Извозот на стоки во март изнесуваше 127,6 милијарди долари, за 9,1 милијарди долари помалку отколку во февруари. Увозот на стока во март изнесуваше 191,9 милијарди американски долари, што претставува намалување од 4,8 милијарди американски долари од увозот во февруари“, се вели во соопштението на Министерството за трговија на САД.