СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Од извоз на млеко лани заработивме над шест милиони долари

Извозот на млеко минатата година изнесуваше 28,6 милијарди долари, а најголем удел има Нов Зеланд со 6,3 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports, цитирани од „Бизнис инфо“.

Меѓу петте најголеми извозници на млеко во светот лани беа и: Германија (2,9 милијарди долари), Холандија (2,4 милијарди долари), САД (1,9 милијарди долари) и Белгија (1,8 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем извоз на млеко лани имаше Словенија со 132,8 милиони долари. По нејзе следат: Босна и Херцеговина (36,2 милиони долари), Србија (29 милиони долари), Грција (21,5 милиони долари), Хрватска (15,8 милиони долари) и Бугарија (13,8 милиони долари).

Нашата земја лани извезе млеко вредност од 6.027.000 долари и со тоа е 69-та во светски рамки.

Поврзани вести

Азески: Да ги оставиме настрана сите „истресени од ракав“ на реалниот сектор му треба излезни решенија

Берта Китинска

Бектеши: Дизајниран е петтиот пакет мерки, остануваат ситни работи да се додефинираат

Влатко Зорба

Економската криза создадена од пандемијата на Ковид 19 би можела на глобално ниво да остави 25 милиони луѓе без работа