СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Драстично порасна побарувачката за злато во Австрија

Во Австрија има огромна побарувачка за злато и златни дукати заради вирусот пандемијата со коронавирус.

Побарувачката во моментов го достигна нивото на економска и финансиска криза од 2008 до 2011 година, изјави Герхард Старсих, директор на рудникот за злато “Munze Osterreich”, стопостотна подружница на австриската национална банка.

„Многу луѓе сакаат да инвестираат во скапоцени метали. Голема побарувачка започна од почетокот на кризата“, објасни тој, додавајќи дека има и голема понуда.

Складиштата на неговата компанија биле распродадени во март, но во моментов се произведуваат нови златни дукати.

Инаку, оваа компанија не само што продава во Австрија, туку е присутна и на меѓународниот пазар, па така во март профитирала од затворањето на јужноафриканската компанија и канадскиот „Royal Canadian Mint”.

Побарувачката за златни дукати и злато била највисока во март, надминувајќи ги јануари и февруари многу пати, укажува Старсих.

Побарувачката е далеку поголема во април отколку пред кризата, но малку се намали во однос на март.

Старсих проценува дека неговата компанија ќе продаде до еден милион унци злато оваа година.

Во економското добро од 2019 година, во која акциите беа повеќе барани, биле продадени 300.000 унци, а најдобра година била 2009 кога биле продадени два милиони унци, пренесе тој.

Поврзани вести

Туристичките агенции ќе може да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“ за користење ваучери

Берта Китинска

Протоколи за работи и континуирана финансиска поддршка за спас на угостителството

Влатко Зорба

Производите со ознаката „Купувам домашно“ треба да бидат на посебен рафт или со ознака