СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Корона апликацијата нема да ги чува Џи-Пи-Ес податоците

Компаниите Гугл и Епл соопштија дека ќе ја забранат употребата на функцијата за следење на локацијата од апликации што се во развој и работат на забавување на ширењето на новиот коронавирус.

Епл и Гугл, чии оперативни системи имаат 99 отсто од паметните телефони, објавија минатиот месец дека заедно ќе работат на создавање систем за известување на луѓето кои биле во близина на личност позитивна на Ковид-19.

Двете компании објавија дека примарната цел им е приватноста и спречување на владите да користат систем за собирање податоци на граѓаните.

Системот користи блутут сигнали од телефонот за да открие средба со заразено лице, но не користи или чува Џи-Пи-Ес податоци.

Програмерите на овие апликации минатиот месец истакнаа дека е од витално значење да се дозволи употребата на податоци за Џи-Пи-Ес локацијата во комбинација со нов систем за пребарување контакти, со цел да следат како епидемијата се развива и да го идентификуваат жариштето.

Поврзани вести

Развиена батерија за електричен автомобил која се полни за 10 минути

Влатко Зорба

Лоши навики кои ги уништуваат нашите компјутери

msp-admin

Samsung подготвува Galaxy Book Pro и Book Pro 360

Влатко Зорба