СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Милијардерот го шокира светот: Основачот на „Тесла“ продава сè што има

Американскиот милијардер Илон Маск, најголемиот акционер, основач и директор на компанијата „Тесла“, објави дека ќе продаде сè што има, пренесува „б92“.

Тој изјави дека не сака да биде сопственик на ниту една куќа или недвижен имот.

Маск ги понуди на продажба двете куќи во Калифорнија, по што на Твитер најави дека ќе ги продаде сите негови недвижнини.

Експертите за недвижнини велат дека Маск направил погрешен потег, бидејќи сега не е добро време за продажба, бидејќи состојбата на пазарот на луксузни недвижнини е влошена како резултат на пандемијата на коронавирус, објави „Спутник“.

Основачот на „Тесла“ не го шокираше светот само со најавата дека ќе ги продаде сите негови недвижнини, туку и со тоа што објави дека акциите на неговата компанија се преценети.

Веднаш по неговата објава, вредноста на акциите на „Тесла“ падна за скоро 12 проценти, за повторно да се покачи малку подоцна, така што дневниот пад на вредноста  беше седум проценти.

И покрај тоа, на Маск финансиски му оди многу добро од почетокот на годинава. Вредноста на акциите на неговата компанија пораснаа за дури 68 проценти, па богатството на Маск достигна 35,9 милијарди долари.

Поврзани вести

ГТЦ со загуба од скоро 35 милиони денари

msp-admin

Се бараат градежници, техничари, работници во услужните дејности…Слободни 9000 работни места

Берта Китинска

Бафет ги советува Американците што треба да направат со чековите од 1.400 долари

Влатко Зорба