СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Fortnite стана една од најголемите игри досега со 350 милиони играчи

Fortnite на компанијата Epic има повеќе од 350 милиони регистрирани играчи, објави компанијата која ја развива играта.

Ова ја прави бесплатната игра една од најпопуларните досега направени, рангирајќи ја со Minecraft и некои од најпознатите мобилни и бесплатни за играње игри за компјутер, кои беа најмногу преземени во последните 15 години.

Иако нема индикации колку играчи се најавуваат секој ден или месец, со оглед на тоа што Epic не ги објавува тие статистички податоци, во студиото велат дека само во април, играчите поминале 3,2 милијарди часови во Fortnite.

Последните бројки поврзани со играчите што ги слушнавме од Epic беа околу 250 милиони во март 2019 година, што укажува дека играта продолжува да расте една година подоцна и повеќе од две и пол години по првото издание. Ова е делумно затоа што играта е толку лесно достапна на сите платформи – компјутер, конзола и мобилни телефони – и затоа што Epic продолжува да ја ажурира.

Неодамна, компанијата додаде „party royale“, социјален простор без оружје во рамките на играта што им овозможува на играчите да се најават и да дружат со пријателите, да гледаат концерти од познати музички sвезди и да учествуваат во разни активности во тематски парк.

Сето тоа е дел од потрагата на Epic да се изгради социјална мрежа со различни цели што живее целосно во неговиот 3D свет. После масовно посетуваниот и надреален концерт на Травис Скот минатиот месец и концертот на „Дипло“ минатиот петок, Epic соопшти дека денес, 8 мај, ќе биде домаќин на мини музички фестивал на кој ќе учествуваат диџеј Дилон Францис, Стив Аоки и дедмау5.

Поврзани вести

Viber до корисниците на WhatsApp: Дојдете кај нас!

Влатко Зорба

Тинејџер одби да продаде платформа за следење информации за коронавирусот за 8 милиони долари

msp-admin

Lenovo претстави паметни очила за деловни корисници (ВИДЕО)

Влатко Зорба