СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Android R се појави во Geekbench

Пред само неколку месеци, Google официјално ја објави верзијата 10 на мобилната платформа Android, и многу производители допрва треба да ги ажурираат своите стари уреди на неа. Иако во оваа фаза нема многу информации за следното издание на Android R, првите индикации за неговото постоење веќе се појавуваат.

Во базата на податоци на Geekbench се појави уред, во чиј сектор за софтвер присуствува името „Android R“. Се разбира, нема други детали за оперативниот систем, но резултатот од тестот укажува дека најверојатно станува збор за Pixel 4, кој е базиран на чипсет Snapdragon 855 и има 6 GB RAM меморија.

Случајот овде се чини дека е рана тест верзија на оперативниот систем што е инсталирана на сегашниот модел на компанијата. Една од иновациите што се појави и најверојатно ќе биде интегрирана во Android R е отстранувањето на лимитот на големината на датотеки од 4 GB при снимање на видео.

Не е јасно дали Google ќе го именува својот следен оперативен систем Android 11, но тоа е многу веројатно.

Поврзани вести

Black Shark 4 со 120W полнење за никогаш да не престанете да играте

Влатко Зорба

Се врати астронаутката на НАСА која беше најдолго во вселената

msp-admin

Boston Dynamics претстави робот што може да преместува 800 кутии на час (ВИДЕО)

Влатко Зорба