СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Microsoft на 13 април ќе започне со бришење на постарите верзии на Edge од Windows уредите

Иако Internet Explorer на Microsoft се подобруваше со текот на годините, тешко беше да се поправат негативните искуства од минатото, што резултираше во одлуката на компанијата од Редмонд за создавање нов прелистувач наречен Edge. Сепак, ниту тоа не траеше долго, бидејќи Microsoft подоцна го редизајнираше Edge користејќи ја платформата Chromium.

За оние кои сè уште имаат застарена верзија на Edge на нивниот Windows компјутер, Microsoft објави дека на 13 април 2021 година ќе започне со деинсталирање и отстранување на апликацијата од вашиот компјутер. Ажурирањето не само што ќе го избрише стариот Edge, туку ќе инсталира и верзија на прелистувач заснован на Chromium, во случај корисникот повеќе да ја нема.

За оние кои веќе инсталирале новата верзија на Edge, ова ажурирање нема да има големо влијание.

Поврзани вести

Pixel 4 XL „падна“ на тестовите на „JerryRigEverything“ (ВИДЕО)

msp-admin

Android 11 почнува да блокира пристап до одредени Wi-Fi мрежи

Влатко Зорба

Huawei го претстави HUAWEI WATCH GT 2e со над 100 режими за тренинг

msp-admin