СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Револуционерен план на Маск: Сензори во човечкиот мозок за помалку од година дена

Елон Маск повторно зборуваше за иднината на вештачката интелигенција и улогата што ја има неговата компанија во создавање услови за симбиоза меѓу луѓето и роботите.

Меѓу другото, тој откри дека стартапот „Neuralink“, во чие основање тој учествуваше, е близу до започнување со тестирање на човечки субјекти.

Уште во 2019 година, „Neuralink“ потврди дека е создаден робот чии импланти за интеракција со компјутери може да се интегрираат длабоко во човечкиот мозок.

Резултатите се добиени врз основа на тестирање на лабораториски стаорци во чии мозоци биле вградени 1.500 електроди, за кои сè уште не може да се тврди со сигурност дали ќе функционираат во човечкиот мозок.

Доколку се докаже дека е функционална, технологијата, на прво место, велат експертите, треба да послужи за да се врати подвижноста, видот, како и можноста за говор и слух на оние што ги изгубиле.

Маск, од друга страна, тврди дека поврзувањето на мозоците со компјутерите ќе биде единствениот начин да се задржи развојот на вештачката интелигенција. Така, технологијата што била замислена како лек може да послужи како нешто далеку помоќно.

Во овој контекст, најавено е дека човечкото тестирање се очекува „за помалку од една година“, а имплантите кои ќе се вградат се четвртина од обемот на човечката коса, така што тие ќе се интегрираат во мозочното ткиво со помош на игли за да се избегне оштетување на крвните садови, на површината на мозокот.

Ваквите вградени сензори треба да фаќаат сигнали од мозокот и да ги испраќаат до ресиверот – чип кој се инсталира на горната површина на черепот, а од таму информацијата се пренесува безжично на предвидениот уред, пишува порталот „PC Press“.

Поврзани вести

Snapdragon 865 ветува подобрувања во камерата, гејмингот и 5G

msp-admin

Хакери имаат нов начин за прислушување на Android, експерти ве советуваат да ги ажурирате телефоните!

Кина ја блокираше „Signal“

Влатко Зорба