СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Почна исплатата на парите од скенираните фискални сметки

Исплатата на парични средства за јануари, февруари и март 2020 согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица е веќе започната.

Како што информираат од УЈП, во ова прво тримесечје од годината скенирани се 49.946.278 фискални сметки, направен е промет во износ 21.957.355.689 денари со вкупен ДДВ од 2.292.026.352 денари.

Вкупниот број регистрирани корисници до 31 март 2020 година на апликацијата МојДДВ е 279.498.

Повратот за ова тримесечје изнесува 343.803.953 денари, односно 5.590.000 ЕУР. За донирање на својот поврат за овој квартал се изјасниле 8 700 граѓани.

Исплатата се врши во неколку етапи и ќе заврши согласно законскиот рок, односно во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки и доколку има грешки во нив, да ги коригираат со цел навремена и ефикасна исплата.

Поврзани вести

Пакет мерки за помош очекуваат секторите кои се на раб на опстанок поради пандемијата

Влатко Зорба

Испитувањето на вакцината против корона ја зголеми цената на нафтата

Stefanija Kuzmanovska

Нова Фискална стратегија: Стапки на раст над 5% и намалување на невработеноста на 8,6% до 2026

Влатко Зорба