СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Почна исплатата на парите од скенираните фискални сметки

Исплатата на парични средства за јануари, февруари и март 2020 согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица е веќе започната.

Како што информираат од УЈП, во ова прво тримесечје од годината скенирани се 49.946.278 фискални сметки, направен е промет во износ 21.957.355.689 денари со вкупен ДДВ од 2.292.026.352 денари.

Вкупниот број регистрирани корисници до 31 март 2020 година на апликацијата МојДДВ е 279.498.

Повратот за ова тримесечје изнесува 343.803.953 денари, односно 5.590.000 ЕУР. За донирање на својот поврат за овој квартал се изјасниле 8 700 граѓани.

Исплатата се врши во неколку етапи и ќе заврши согласно законскиот рок, односно во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки и доколку има грешки во нив, да ги коригираат со цел навремена и ефикасна исплата.

Поврзани вести

Утврдени правилата за домашните оператори за роаминг

Александар Петровски

Мајкрософт започна преговори за купување на ТикТок

„Дрисла“ ќе добие над 630 илјади евра за чистење на медицински отпад од Клинички

Влатко Зорба