СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Најбогатите Британци изгубија 60,4 милијарди евра поради пандемијата

Најбогатите Британци изгубија 54 милијарди фунти (околу 60,4 милијарди евра) во последните два месеци поради пандемијата од коронавирус.

„Индипендент“ известува за резултатите од студијата според која пандемијата на вирусот довела до голема загуба кај најбогатите Британци.

По светската економска криза од 2008 година, богатството на овие луѓе продолжи да се зголемува од година во година, така што првите шест од нив заработија повеќе од 13,2 милиони најсиромашни Британци заедно.

Сепак, со пандемијата на коронавирусот и нејзиното негативно влијание врз економијата, илјадници најбогати Британци изгубија 54 милијарди фунти во последните два месеци.

На списокот на најбогатите сега се наоѓа Сер Џејмс Дајсон, кој заработи 3,6 милијарди фунти во текот на претходната година и со тоа го зголеми своето богатство на 16,2 милијарди.

Дајсон се најде на првото место на листата и покрај загубата од 500 милиони фунти, откако се откажа од проектот за електричен автомобил.

Поврзани вести

Европа има 117 милијардери повеќе отколку пред пандемијата

Во што инвестираат миленијалците?

msp-admin

Македонски квалитет 2019 – Арсовска и Пендаровски ги доделија престижните признанија

msp-admin