Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер предупредува дека поради преземените мерки во пандемијата, производителот на автомобили „Рено“ се наоѓа во сериозни финансиски потешкотии.
Без државна помош постои можност компанијата да не преживее, пишува порталот „Банкар.ме“.
Говорејќи за Радио Европа 1, министерот Бруно Ле Мер истакна дека француската влада, која е еден од најголемите акционери на компанијата во име на државата, ќе ја одобри помошта откако од „Рено“ ќе ја извести за својата стратегија.
Француската држава има 15 отсто удел во „Рено“, а го дели статусот на најголем акционер на компанијата со јапонскиот „Нисан“.
Владата во моментов преговара за заем од пет милијарди долари со раководството на „Рено“, кој, според министерот, нема да биде одобрен се додека компанијата не ја претстави својата стратегија. Тоа ќе мора да вклучува и префрлување на еколошки возила, а владата исто така очекува „Рено“ да има поголема продуктивност и поголем удел на домашни возила, особено електрични.