Стандард
КОМПАНИИ

Џонсон сака да ја намали улогата на Huawei во британската 5G мрежа

Премиерот на Британија, Борис Џонсон има намера да ја намали улогата на кинескиот телекомуникациски гигант Huawei во британската 5G мрежа, објавија „Гардијан“ и „Дејли телеграф“.

Според двата британски весника, шефот на британската конзервативна влада побарал од неговата администрација да подготви план за „намалување на уделот на Huawei во 5G инфраструктурата на Велика Британија до 2023 година на нула“.

Кон крајот на јануари, британската влада даде зелено светло за учеството на Huawei во не стратешки инфраструктури, со удел на пазарот ограничен на 35 проценти.

„Гардијан“ и „Дејли телеграф“ пишуваат дека Борис Џонсон се соочува со зголемена загриженост во сопствената партија за недовербата кон Кина, обвинета за недостаток на транспарентност во управувањето со кризи во време на пандемија на коронавирус, чие потекло е од кинеската провинција Вухан.

Британската одлука од почетокот на годината го разочара Вашингтон.

Соединетите држави се сомневаат дека Huawei шпионирал за Пекинг. Покрај преговорите со Европската унија за нивните односи по „Брегзит“, излегувањето на Велика Британија од ЕУ, Лондон започна преговори со Вашингтон со цел склучување договор за слободна трговија.

Поврзани вести

За скоро 16% повеќе издадени одобренија за градење во септември

msp-admin

Околу 305 илјади граѓани користат Домашна платежна картичка

msp-admin

Светскиот економски форум одложен за август

Влатко Зорба