СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кина остро против на извршната наредба на Трамп против „ТикТок“ и „ВиЧет“

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти во петокот дека остро се спротивставува на извршната наредба издадена од американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот, со која се забранува американски трансакции со кинески сопственици на апликацијата за пораки „ВиЧет“ и апликацијата за споделување видеа „ТикТок“.

Кина ќе ги брани легитимните права и интереси на кинеските компании, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ванг Венбин, на прес-конференција.

Претставниците на „ТикТок“ во петокот рекоа дека биле „шокирани“ од извршната наредба на Доналд Трамп со која се забранува апликацијата за споделување видео и дека тоа може да доведе до американски суд, за да се осигура дека се постапува фер кон нив.

„Ние ќе ги искористиме сите правни лекови што ни се достапни за да обезбедиме примена на законот, како и правилно да се однесуваме кон нашата компанија и нашите клиенти. Доколку администрацијата на САД не го стори тоа, има американски судови“, се наведува на веб-страницата на „ТикТок“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во четвртокот потпиша извршна уредба со која им се забранува на сите американски државјани да вршат трансакции со кинеската компанија „БајтДенс“, која е сопственик на популарната апликација „ТикТок“ и таа стапува во сила за 45 дена.

Според регулативата, „ТикТок“ се смета за „закана“ за националната безбедност и предупредува за автоматско собирање на податоци, што е можно со користење на апликацијата.

„Ваквата колекција на податоци претставува закана и може да и овозможи на Комунистичката партија на Кина пристап до личните и имотните податоци на Американците“, се вели во декретот.
„Соединетите Американски држави мора да преземат жестоки активности против сопствениците на „Тикток“ за да ја заштитиме нашата национална безбедност“.

Регулативата уследи откако „Мајкрософт“ објави дека размислува да го купи американскиот огранок на работењето на „ТикТок“ од „БајтДенс“ и да постави 45-дневен рок за затворање на договорот.

Трамп го поддржа овој потег на софтверскиот гигант со седиште во Сиетл.

Поврзани вести

„Црни донации“ го „истуркаа“ Бајден кон Белата куќа

Влатко Зорба

Австрија подготвена за произведство на руски и кинески вакцини

Влатко Зорба

Акциите на Pfizer падна поради проблеми со превоз на вакцините

msp-admin