СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Приходите се пониски за 8,9%, даночните приходи за 12,9%

„Во мај вкупните приходи бележат пад од 24% споредено со мај 2019. Даночните приходи бележат пад од 28% (во април истите забележаа поголем пад, односно -31% споредено со април 2019). ДДВ забележа помал пад од април, односно 33%“, соопшти денеска министерката за финансии, Нина Ангеловска на брифинг со новинарите.

Реализацијата е во линија на проекциите со ребалансот, односно основното сценарио на Министерство за финансии. Имено реализацијата е нешто подобра (за 300 милиони денари) споредено со проекцијата за мај. Од почетокот на годината заклучно мај, во однос на претходната година, приходите се пониски за 8,9%, даночните приходи се пониски за 12,9%, придонесите се повисоки за 7,1%, посочи таа.

Ангеловска информираше и за издавањето на еврообврзницата со која, според неа, е обезбедено финансирањето за оваа година и обезбеден е простор за евенутални дополнителни шокови и потреби за најдобро справување со КОВИД-19.

– Редовното информирање на јавноста во добри времиња претставува транспарентност и отчетност. Редовното информирање во вакво време е повеќе од потребно. Јавноста мора да ги знае состојбите и да располага со релевантни, точни и навремени информации кои се основа за понатамошни чекори и одлуки, сподели министерката.

Поврзани вести

Од полноќ за пола денар поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95

Битиќи: Фирмите кои нема да ги исплатат платите, ќе добијат прекршочна казна

Берта Китинска

Комисија ќе решава дали потполно ќе се приватизира „Попова Шапка“ или ќе се оди со јавно приватно партнерство

Влатко Зорба