СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Царовска: Подготвивме национален преглед, којшто ќе ни даде насоки за борба со сиромаштијата, нееднаквоста и одржливиот развој

Националниот совет за одржлив развој, денес одржа седница преку електронската апликација „Zoom“, на којашто го разгледа Доброволниот национален преглед за имплементација на „Агендата 2030“ на Организацијата на Обединетите нации, пред истиот да биде разгледан и усвоен од страна на Владата.

Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска, која е и Национален координатор за имплементација на „Агендата 2030“, истакна дека во Северна Македонија за прв пат е изготвен еден ваков Национален преглед, којшто треба да даде јасна слика до каде сме и во која насока треба да се движиме понатаму во остварувањето на целите за одржлив развој, како што се родовата еднаквост, борбата со сиромаштијата и социјалната исклученост, како и за заштитата на животната средина.

„Ова е жив документ којшто ќе продолжи да се менува во насока на исполнување на целите од „Агендата 2030“ на ООН. Прегледот, по својата форма и содржина има за цел да го следи напредокот на спроведување на „Агендата 2030“ на локално, национално и меѓународно ниво, на начин што ќе биде прикажан и интегрираниот пристап на државата по однос на одржливоста“, подвлече вицепремиерката Царовска.

Во подготовката на Доброволниот национален преглед за имплементација на „Агендата 2030“ освен 12 министерства, свој значаен придонес дадоа и триесетина граѓански организации, Агенциите на ООН во Северна Македонија, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Шведската меѓународна развојна агенција (SIDA), Јапонската меѓународна агенција за соработка (JICA), Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), УСАИД, експерти од различни области, МАНУ, како и Државниот завод за статистика.

Поврзани вести

Влада: Да се разгледа можноста за финансиска поддршка за работодавачите, за родителите на ученици до 10 години, кои се ослободени од работа

Сообраќајна полиција спроведе вонредна контрола на автобуските превозници (ФОТО)

Берта Китинска

НБ: Финансискиот систем лани успешно одговори на корона-кризата

Влатко Зорба