СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Адмирал“ со демант на прес-конференцијата на движењето „Антикоцкање“

„Жалиме што во период кога целото општество се справува со тешките последици по здравјето на граѓаните и економијата предизвикани од пандемијата со “Ковид-19“, движењето „Антикоцкање“ продолжува со својата негативна кампања и ширењето лажни вести“, реагираат од МА Гејминг – Групација НОВОМАТИК.

„Посоченото лице кое наводно нападнало член на движењето „Антикоцкање“ воопшто не е вработен во автомат клубот „Адмирал“. Сепак, ги охрабруваме и ги повикуваме надлежните институции до карај да ги расчистат сите околности согласно законите кои важат во нашата држава.

Конечно, бидејќи со месеци сме цел на неосновани обвинувања, обиди за дискредитација, како претставници на реномирана странска компанија, ќе побараме од дипломатската мисија на Европската Унија во Република Северна Македонија да изврши мониторинг на тоа како се третираат одредени странски инвестиции, кои вршат дејност исклучиво согласно домашните позитивни законски прописи, додаваат оттаму.

Поврзани вести

Хрватите штеделе за време на короната: Потрошиле дури 3,9 милијарди евра помалку од вообичаеното

Влатко Зорба

FDA го одобри тестот на Roche за Корона вирус

msp-admin

Просечна цена на квадрат на црногорско приморје е 1.359 евра

Влатко Зорба