Основачот на најголемиот светски производител на домашни уреди, „Мидеа груп“, Хе Сијангжан, бил спасен откако го држеле како заложник напаѓачите кои провалиле во неговата куќа, јавуваат кинеските медиуми.
Полицијата соопшти дека примила дојава во неделата навечер дека е провалена куќа во Фошан, недалеку од Хонгконг, и дека петмина осомничени биле уапсени рано утрово.
Во полициското соопштение се наведува само презимето на жртвата, но неколку кинески весници и портали објавија дека станува збор за 78-годишен милијардер.
„Мидеа“ се заблагодари на полицијата на социјалните мрежи, но не потврди дека Хе бил жртва на кривично дело, пренесува АП.
Хе е четврт најбогат човек во Кина, а според извештајот на групата „Хурун“, неговото богатство вреди 25 милијарди долари.