Стандард
КОМПАНИИ

Новите податоци охрабруваат: Економијата на ЕУ закрепнува побрзо отколку што се очекуваше

Економијата на ЕУ ќе порасне за 3,7 проценти во 2021 година и за 3,9 проценти во 2022 година, според Зимските економски предвидувања на Европската комисија објавени денес. Економските активности во ЕУ во 2020 година паднаа за 6,3 проценти.

Во споредба со есенската прогноза, падот во 2020 година е помал, очекуваниот раст во 2021 година исто е помал, додека предвидениот раст на економијата на ЕУ за 2022 година е посилен.

Се наведува дека економиите на ЕУ се очекува да го достигнат нивото пред корона-кризата порано отколку што се предвидуваше наесен. Ова ќе биде резултат на посилниот раст од очекуваниот, предвиден за втората половина на 2021 и 2022 година.

Најголем раст во 2021 година, од повеќе од пет проценки, се предвидува за Шпанија, Франција и Хрватска.

Малта, Португалија, Словенија, Словачка и Унгарија ќе растат меѓу четири и пет проценти. Најмал раст на бруто домашниот производ во 2021 година се очекува во Холандија, од 1,8 проценти.

Комисијата наведува дека економските активности, по силниот раст во третиот квартал на 2020 година, повторно забавија во четвртиот квартал поради вториот бран на пандемијата и мерките на ограничувања и заклучувања.

Со оглед на тоа што овие мерки сè уште се на сила, во првиот квартал од 2021 година се очекува пад на економската активност во ЕУ.

Европската комисија очекува економскиот раст да продолжи на пролет и да стапи на сила во лето со напредокот на вакцинацијата и олеснување на ограничувањата наметнати од епидемијата.
Економското закрепнување на ЕУ исто така ќе биде поттикнато од подобри изгледи за глобален раст, рече Комисијата.

Исто така, се посочува дека последиците од пандемијата во земјите-членки на ЕУ не се исти, така што брзината на закрепнување нема да биде иста.

Валдис Домбровскис, извршен потпретседател на Европската комисија за економија што работи за луѓе, рече дека новата прогноза дава вистински надежи во време на неизвесност.

„Силниот европски одговор ќе биде клучен за прашањата како што се загуби на работни места, ослабен корпоративен сектор и растечка нееднаквост. Нашиот пакет за закрепнување ќе поддржи економско закрепнување, со вакцинација и веројатно зголемување на глобалната побарувачка“, рече Домбровскис на презентацијата на прогнозите.

Европскиот комесар за економија Паоло Џентилони предупреди на ризиците по економскиот раст поврзани со епидемиолошката состојба.

Поврзани вести

НОВ РЕКОРД НА „ТЕСЛА“: Остварен профит од 438 милиони долари во првиот квартал

Влатко Зорба

Шефот на Huawei предупреди на растечката дигитална поделба

Влатко Зорба

Роберт Дауни Џуниор стартираше ризични фондови за инвестирање во одржлива технологија

Влатко Зорба