СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бизнисот во Германија: „Локдаунот“ на земјата ќе донесе бран од банкроти

Одлуката на Германија да го продолжи „локдаунот“ поради коронавирусот, а особено затворањето на продавниците за време на велигденските празници, може да доведе до повеќе банкроти, изјавија индустриските групи, цитирани од Ројтерс

Според Здружението на трговци на мало, 54% од продавниците за облека се во опасност да банкротираат по 100 дена блокирање.

„После една година пандемија, ситуацијата за многу трговци е очајна. Нема надеж дека ќе се преживее оваа криза економски“, рече нејзиниот претседател, Стефан Гент.

Канцеларката Ангела Меркел претходно најави дека Германија ќе го продолжи заклучувањето до 18 април и ги повика граѓаните да останат дома и да ги намалат контактите што е можно повеќе. Сепак, според Гент, владата ги донесува своите одлуки фокусирајќи се само на бројот на инфекции и зема предвид голем број мерки преземени од трговците за да се намали ризикот од инфекција при купувањето.

Здружението на трговци на превозни средства, исто така, негодуваше за продолжување и заострување и предупреди на бран на банкроти.

„Ако автосалоните не прават ништо за да придонесат за инфекцијата, како треба нивното затворање да помогне да се запре ширењето на вирусот?“, праша Јирген Карпински, претседател на Здружението.

Цената на „локдаунот“

Штетата од пандемијата досега изнесува 250 милијарди евра. Повеќе од 16.000 компании банкротираа, а најмалку уште 5.000 се на „вештачко дишење“, напиша „Дојче веле“ пред неколку дена.

Последната година, обележана со неколку заклучувања, предизвика големи загуби на германската економија. Во текот на оваа година, многу продавници останаа затворени подолго време, ресторани и хотели – исто така, безброј културни настани и саеми беа откажани, луѓето речиси престанаа да патуваат, а милиони беа принудени да работат со скратено работно време.

Првата блокада во Германија стапи на сила пред точно една година. И таа не беше последна. Оваа привремена парализа чини многу пари секој пат за трговијата, индустријата и услугите, според најновите пресметки на Институтот за германска економија. Само за првиот квартал на 2021 година загубите се проценуваат на 50 милијарди евра, а вкупната штета изнесува четврт трилион.

Економистите доаѓаат до овие бројки, споредувајќи ги сегашните параметри со предвидувањата за економски развој без пандемија и „локдаун“.

Поврзани вести

Кинески инвеститори размислуваат за изградба на рафинерија за нафта во Србија во вредност од 2,6 милијарди долари

Влатко Зорба

Објавен е нов настан, очекуваме Apple Silicon Mac

msp-admin

Жито Лукс со донација за Црвен крст го одбележува Светскиот ден за борба против гладот

msp-admin