СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

92-годишниот основач на брендот „Hello Kitty“ го предава бизнисот на својот внук

92- годишниот основач на компанијата што го создаде брендот Hello Kitty ја напушта врвната позиција по 60 години и му ја предава работата на неговиот внук.

Шинтаро Тсуји ќе се повлече од функцијата извршен директор на фирмата „Санрио“ на 1 јули, а ќе биде заменет од неговиот внук Томокуни Тсуји (31). Шинтаро останува на функцијата претседавач, пишува Си-ен-ен.

Тсуји ја основал „Санрио“ како продавница Yamanashi Silk Center во 1960 година, а го сменил името во „Санрио“ во 1973 година. „Саниро“ беше една од првите јапонски компании што го виде потенцијалот во лиценцирањето на карактерите, а Hello Kitty е далеку најпопуларна и најпрофитабилна креација на таа компанија.

Челниците на семејните компании во Јапонија честопати им ги предаваат уздите на најстарите синови. Но, синот на Шинтара, Кунихико, почина во 2013 година од срцева слабост. Внукот на основачот оддамна е поврзан со Hello Kitty на посебен начин: тие се родени на истиот датум, 1 ноември, при што Томокуни е 14 години помлад од светски познатата икона.

Поврзани вести

Во тек е истрага против Reddit и Robinhood за манипулација на пазарот

Влатко Зорба

Веќе може да се искешираат Биткоините

msp-admin

Најпродавани возила во Европа: Golf повторно на врвот

msp-admin