СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Доларот зајакна во однос на кошницата со валути по пад од две недели

На светските берзи, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути порасна минатата недела, по две недели пад, благодарение на зголемувањето на приносот на државните обврзници на САД и наглиот пад на најголемите берзи во светот.

Индексот на доларот, што го покажува движењето на САД кон другите шест најважни светски валути, минатата недела зајакна за 0,5 проценти, на 90,84 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за 1 процент на 106,55 јени, што е највисоко ниво во последните шест месеци.

Американската валута зајакна и во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна за 0,4 проценти на 1,2075 американски долари.

Во првиот дел од неделата доларот беше под притисок поради најавите дека американската централна банка ќе одржува исклучително лабава монетарна политика уште долго време.

Во извештајот до Конгресот, претседателот на ФЕД, Џером Пауел, рече дека економското закрепнување на САД е нерамномерно, далеку од крај, и повтори дека ФЕД ќе спроведе многу лесна монетарна политика сè додека е потребно и колку што дозволува ниската инфлација.

Пауел, исто така, рече дека може да поминат повеќе од три години пред инфлацијата да ги достигне целните нивоа од околу 2 проценти. Со тоа, тој всушност рече дека ФЕД планира да ги задржи ниските каматни стапки барем до 2023 година, велат аналитичарите.

Но, закрепнувањето на доларот се случи во втората половина на неделава, откако приносот на 10-годишните државни обврзници на САД достигна 1,614 проценти, што е највисоко ниво за една година.

Ова ја зголеми привлечноста на американската валута бидејќи цените на берзите паднаа поради стравувањата на инвеститорите од пораст на инфлацијата и последователниот пораст на каматните стапки.

Склоноста на инвеститорите кон поризични инвестиции е намалена, па затоа тие побараа засолниште во капитал што се смета за побезбеден во несигурни времиња.

И доларот и јенот се сметаат за безбедни засолништа во кои инвеститорите инвестираат капитал во неизвесно време, но јенот обично ослабува кога се зголемуваат приносите на државните обврзници на САД, додека доларот зајакнува.

Поврзани вести

Електричен модел е повторно најпродаван во Норвешка

Вработените во Apple со бесплатен генетски тест

msp-admin

„Неотел“ со нова промоција по повод отворањето на продажен салон

msp-admin