СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Твитер со нова опција ја засилува борбата со лажни вести

Многу луѓе „слепо“ споделуваат различни приказни и само врз основа на наслови или интересни фотографии. Таквите корисници обично не знаат за што зборуваат, а нивните активности придонесуваат за ширење сензации и лажни вести.

Твитер планира да застане на патот на ваквиот начин на однесување, бидејќи несовесното споделување ја загрозува комуникацијата на Интернет. Така веќе почна тест опција за Android што треба да спречи споделување на она што не е прочитано, а тоа е функција што ги прашува корисниците дали сакаат да ја отворат статијата што се обидуваат да ја споделат.

Не е изненадувачки, Твитер дојде до ваков вид на функција, бидејќи ја засилува борбата против дезинформациите, најмногу поради претстојните претседателски избори во САД.

Други платформи преземаат слични активности за поддршка на критичко размислување и спречуваат ширење на содржина што ги загрозува слободите и придонесува за ширење на лажни, ирелевантни и погрешни информации.

Поврзани вести

Научници создадоа метод кој предвидува депресија и биполарно растројство

Влатко Зорба

Samsung Galaxy S11 ќе има издолжен дисплеј со соднос на страните 20:9

msp-admin

Најскапото издание на Mac Pro чини 52.599 долари

msp-admin