„Очекуваме голема срериозност од сите партии за време на изборниот процес и денеска сите партии го ставија потписот на Кодексот за фер избори. Помина периодот кога имаше злоупотреби на гласовите, кога се местеа изборите, а сега, во последно време имаме кредибилни и фер избори. Мораме да обезбедиме фер избори и демократски институции кои ќе ги застапуваат интересите на граѓаните.“- порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ во вестите на телевизија Сител.
Тој најави успешен настап на изборите на коалицијата „Можеме“ во која сега има партии од сите етнички групи.
„Ние сме најновата, најголемата и историски првата коалиција која ги обединува сите етнички заедници во државата. Ние имаме и унифицирана програма, имаме проекти зад нас и нема од што да се срамиме. Минималната плата беше 9 000, сега е 14 500 денари, но ќе ја зголемиме до 40 отсто во следниот мандат, ќе се зголеми и просечната плата, ќе продолжи инвестицискиот бум, една милијарда евра странски инвестиции , 600 милиони евра ќе има за стопанството, го заокруживме НАТО и така станавме безбедна дестинација за инвеститорите, на прегот сме од Европската Унија, и овие политики ќе продолжат сега на ниво на коалиција.“- ги пренесе Николовски успешните политики на СДСМ.
На крајот најави дека кампањата на СДСМ ќе биде целосно безбедна за да се заштити здравјето на граѓаните.
„Ние ќе имаме целосно безбедна кампања, и со тоа да оддадеме почит кон здравствените работници, пред се ние учесниците во кампањата, затоа ќе имаме облици на кампања преку која на дигитален начин ќе стигнеме до граѓаните. Први соопштивме дека нема да имаме митинзи и со тоа ќе го заштитиме здравјето на граѓаните. Само со почитување на мерките мораме да дадеме пример, а не со примери какви оние на опозицијата, со одењето во кафани и теретани, но и со предизборните активности.“- искритикува Николовски.