СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Концептот парите назад кај граѓаните и натаму останува еден од главните приоритети на СДСМ

СДСМ како одговорна партија на власт изгради концепт за враќање на парите назад на граѓаните, којшто се реализира преку повеќе мерки и проекти.

Една од мерките е и поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ, односно МојДДВ преку која од стартот во јули 2019 година до март 2020 година, односно за 9 месеци на граѓаните им е извршен поврат на ДДВ од 10,7 милиони евра.

Од самиот почеток мерката МојДДВ покажа дека ги оправдува целите за кои е наменета. Парите назад кај граѓаните и намалување на сивата економија.

Повратот на ДДВ кај граѓаните, од тримесечје во тримесечје е повисок и директно влијае на сузбивањето на неформалната економија.

За периодот октомври-декември 2019, повратот е повисок за 35,8% во однос на претходното тримесечје, додека за перидотот јануари-март 2020, повратот е повисок за 37.8% во однос на претходното тримесечје.

Отсега МојДДВ ќе придонесе и за ревитализирање на домашната економија. Граѓаните кои ќе купуваат и скенираат сметки за домашни производи, наместо 15% ќе добиваат 20% поврат на ДДВ, додека за останатите производи, повратот ќе изнесува 10%.

Концептот парите назад кај граѓаните и натаму останува еден од главните приоритети на СДСМ што ќе го продолжи и по победата на предвремените парламентарни избори на 15 јули, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани вести

Туризмот како клучен стратешки сектор за економско закрепнување на Западен Балкан

Влатко Зорба

Владата ја усвои информација за потребата од дополнителни средства за проектот за поврзување на локални патишта

Законот и Стратегијата за енергетика предвидуваат зголемено производство на електрична енергија од обновливи извори

Влатко Зорба