СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Фејсбук изгуби 53 милијарди долари во вредност по најавените промени во политиката

Марк Закерберг, основачот на Фејсбук, изгуби седум милијарди долари поради бојкотот на реклами на таа социјална мрежа.

Кока-Кола, Херши и Хонда се три нови големи имиња кои го бојкотираат Фејсбук и ги повлекуваат сите нивни реклами од таа платформа и Инстаграм, која е во сопственост на истата компанија.

Пред нив, истото го сторија и компаниите Дав, Липтон, американскиот оператор Веризон, Патагонија, Апворк, РЕИ, Норт Фејс, групата Инилевер и повеќе од 120 компании, пренесува Фокс Њуз.

Вибер, исто така, ги прекина сите врски со Фејсбук и ги исфрли „Фејсбук Конект“, „Фејсбук СДК“ и „ГИФИ“.

Сите овие компании ќе повлечат реклами од Фејсбук најмалку еден месец, а некои од нив ја откажаа соработката до крајот на 2020 година.

Ова предизвика Фејсбук да изгуби повеќе од 56 милијарди долари во вредност како компанија, додека нејзиниот сопственик Марк Закерберг, лично изгуби повеќе од 7,2 милијарди долари, поради што тој падна од трет до четврт на листата на најбогати луѓе во светот. според индексот на милијардери „Блумберг“, пишува „Фокс њуз“ на својата веб-страница.

Акциите на компанијата паднаа за 8,3 проценти.

Закерберг одговори на овие потези на огласувачите и погласните критики на својот Фејсбук профил, потенцирајќи дека оваа социјална мрежа ќе ги обележи сите објавувања поврзани со изборите со посебна врска, која корисниците ќеги одведе на страница со информации за изборите во САД.

Закерберг исто така објави дека ќе ја прошири дефиницијата за говор на омраза, но и ќе ги забрани сите реклами во кои друга демографска група е означена како опасна.

Фејсбук исто така објави дека „нејзините алатки за вештачка интелигенција и хумани модератори „ловат“ и отстрануваат 90 проценти од говорот на омраза дури и пред некој воопшто да го пријави тоа“.

Поврзани вести

Во Еуроникел Индустри стартуваше втората печка

msp-admin

Сопственикот на „Louis Vuitton“ е новиот најбогат човек на светот

„Адидас“ со загуба од 333 милиони евра поради ковид-кризата

msp-admin