СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Бритиш ервејс“ отпушта 350 пилоти, уште 300 се на чекање

Британската авиокомпанија „Бритиш ервејс“ ќе отпушти 350 пилоти и ќе испрати дополнителни 300 на чекање, објави компанијата.

Како што се наведува, 300 пилоти од списокот на чекање ќе бидат повторно вработени кога ќе бидат потребни нивните услуги, а аналитичарите проценуваат дека тоа ќе се случи за година и пол до две.

Сите други вработени во „Бритиш ервејс“ се соочуваат со намалување на платите од 15 проценти, но половина од намалената плата ќе им биде вратена кога колегите кои се на чекање, ќе се вратат на работа.

Повеќето од пилотите кои беа испратени на чекање летаа со џамбо-џет „Боинг 747“.

Поврзани вести

Маск понудил да копа тунел под Мајами за 30 милиони долари

Влатко Зорба

Вработените во „Фејсбук“ ќе работат од дома до крајот на годината

msp-admin

Tesla ја затвора својата прва фабрика во Европа

Влатко Зорба