СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Над 100.000 домашни платежни картички во вредност од 9 милиони евра се издадени на граѓаните

Над 100.000 домашни платежни картички во вредност од 9 милиони евра се издадени на граѓаните, соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска.

„Матичните броеви од граѓаните кои поднеле приговори се испратени до институциите кои извршуваат проверка дали истите ги исполнуваат условите поставени во Уредбата. По извршените проверки ќе информираме за граѓаните чии приговори се прифатени и истите ќе бидат додадени на листата на граѓани на кои им следи поддршка и соодветно распределени во банките издавачи“, вели таа.

Според Ангеловска, банките забрзано работат на печатење и издавање на платежните картички.

„До сега се персонализирани и испечатени над 250.000 картички. До крајот на неделава ќе се испечатат сите картички предвидени со иницијалната листа. Од следната недела, се очекува да се печатат картичките по уважените приговори. Сите кои ги исполнуваат поставените критериуми во уредбата ќе ја добијат финансиската поддршка преку домашната платежна картичка“, посочува министерката.

Поврзани вести

Слободно движење на работниците во „мини Шенген“ до крајот на годината

Влатко Зорба

„SpaceX“ лансираше уште 60 сателити „Старлинк“ во вселената

msp-admin

Норвешкиот фонд за стабилизација заработи 46 милијарди долари во првиот квартал

Влатко Зорба