СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Истражување: Амазон е расадник на теории за заговор против вакцините

Амазон, најголемата онлајн продавница во светот, сè уште е жариште на теории за заговор против вакцините, а ваквите дезинформации влијаат на некои луѓе кои не сакаат да се вакцинираат против коронавирус, покажува новото истражување на научници од Универзитетот во Вашингтон во Сиетл.

Алгоритмите за пребарување на Амазон промовираат книги што шират лажни тврдења за вакцини пред оние што ги демантираат здравствените дезинформации, откриле истражувачите, а кога клиентите ги истражуваат, алгоритмите ги наведуваат на понатамошни дезинформации.

Амазон е „трговија со разновидни здравствени дезинформации“, предупредуваат авторите на студијата, Прерна Џунеја, докторант на Факултетот за информатички науки и професорот Тану Митра, во написот што ќе биде претставен на научна конференција во мај.

Првите осум резултати од пребарувањето во четвртокот по поимот „вакцина“ во онлајн книжарницата на Амазон беа книги против вакцините, вклучувајќи „Anyone Who Tells You Vaccines Are Safe and Effective is Lying“ на британскиот теоретичар на заговор Вернон Колман како и книгата „The Vaccine-Friendly Plan“ на докторот од Орегон, Пол Томас.

На Томас му беше одземена лиценцата минатата година откако довел во заблуда родители за безбедноста на вакцините и недоволната вакцинација на пациентите, што доведе до тоа едно дете да добие тетанус и да помине 57 дена во болница.

Во контекст на масовната вакцинација против Ковид-19, „борбата против дезинформациите против вакцините никогаш не била поважна“, рече Џунеја во интервју во четвртокот.

Амазон „им овозможува на клиентите пристап до различни перспективи. Ние сме посветени на обезбедување на позитивно искуство на клиентите и имаме политики кои дефинираат кои производи можат да се продаваат во нашите продавници“, коментира портпаролот на компанијата

„Нашите алатки за купување и пребарување не се дизајнирани да генерираат резултати фокусирани на одредена гледна точка и ние секогаш слушаме повратни информации од клиенти“, додава тој.

Амазон неодамна постави транспарент со врска до страницата за факти на федералната влада за вакцините Ковид-19 над резултатите од пребарувањето за клучниот збор „вакцина“.

Поврзани вести

ЕУ го рангира Huawei меѓу трите најдобри глобални иноватори

Никола Поповски

Поевтинуваат горивата

msp-admin

Германија и Франција ги прекинаа воздушните врски со Велика Британија

msp-admin