СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Преку 276 илјади граѓани веќе добија и користат Домашна Платежна Картичка

Министерката за финансии, Нина Ангеловска соопшти дека вкупната вредност на веќе издадените домашни платежни картички до 18.07 e 24,6 милиони евра, од кои веќе се потрошени, односно вбризгани во економијата 17,7 милиони евра преку купување македонски производи и услуги. Таа додаде и дека преку 276 илјади граѓани веќе добиле и ја користат домашната платежна картичка.

„Со картичките реализирани се над 1,2 милиони транскации заклучно 18 јули. Најголем дел од трансакциите се во: маркети (89%), ресторани и храна (5%) и текстил, облека, обувки (3%)“, вели Ангеловска.

Според неа, домашнaта платежна картичка има повеќекратен бенефит за граѓаните и економијата:

„Ја поддржува приватната потрошувачка, ги поддржува домашните производители и услужни дејности, придонесува за раздвижување на економската активност и придонесува за безготовинско плаќање. Банките ќе продолжат да издаваат и доставуваат домашни платежни картички и во текот на оваа недела. Во меѓувреме се финализираат последните приговори од Министерството за образование и наука и Фонд за здравствено осигурување“, соопшти Ангеловска.

Поврзани вести

Осигурителните компании кои оствариле добивка лани да не делат дивиденда, бара АСО

Влатко Зорба

Заев по повод 1 Мај: Обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места (ВИДЕО)

Поскапуваат горивата од полноќ

Влатко Зорба