СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАТЕХНОЛОГИЈА

Генијално решение за еден од најчестите проблеми денес – скршен екран на мобилен телефон

Два тима истражувачи од Јужна Кореја објавија дека нашле решение за проблем што мачи милиони луѓе ширум светот – скрешни екрани на мобилните телефони.

Експертите од Корејскиот институт за наука и технологија при универзитетот Јонсеј успеаја да развијат полимер што може да биде вграден во ЛЦД-екраните, како што се оние инсталирани на паметните уреди, и кој е способен да ги поправи пукнатините.

Научниците објавија дека користеле супстанца добиена од ленено масло, која може да се врати во првобитната состојба под УВ-светло во рок од 20 минути, или на собна температура во рок од 12 часа.

Како што објаснија, тие создале полимер кој содржи микрокапсули со ленено масло во комбинација со силикон. Тој полимер потоа се претвора во заштитен слој што може да се нанесе на екранот на паметниот телефон.

Кога ќе дојде до оштетување, микрокапсулите пукаат и ги пополнуваат пукнатините, поправајќи го оштетениот екран.

Ова, сепак, не е ниту прв ниту единствен изум кој „ги поправа“ оштетените екрани на паметните телефони, но проблемот е што таквите системи се сепак прескапи за да бидат достапни за масите, па затоа на повеќето од корисниците, во повеќето случаи, им одговара да се збогуваат со скршените уреди и да купат нови, наместо да ја санирате штетата, пренесува порталот „Дневник“.

Поврзани вести

УЈП: Ако имате сметка во „Еуростандард банка“ и барате поврат на ДДВ, веднаш извршете промена

Никола Поповски

ВИДЕО| Microsoft повторно го „најавува“ Windows 11

Влатко Зорба

Пакет економски мерки: Каде и како може да се аплицира, помошта од 14.500 денари е за да секој добие плата

Берта Китинска