СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Вештачката интелигенција извор на моќ за доминација во светот

Трката за оружје кое користи вештачка интелигенција веќе е во полн ек, а најголемите светски економски сили се впуштија и во овој вид на натпреварување, пишува „Дојче веле“.

„Ние сме среде тоа. Тоа е реалноста со која треба да се справиме “, предупреди германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас во интервју за новиот документарец на „Дојче веле“, „Идни војни – и како да ги спречиме“.

Светските велесили се убедени дека победата во оваа трка носи голема моќ.

„Трката се води низ воени и цивилни полиња“, рече Амандип Синг ГИЛ, кој своевремено водеше група експерти за автономно оружје на Обединетите нации. „Ова прашање тежи милијарди долари“, вели тој.

Најновиот извештај на американската Комисија за национална безбедност за вештачката интелигенција зборува за „нова парадигма на војување“ во која „алгоритмите се борат против алгоритмите“. Потребни се масни инвестиции на ова поле со цел „континуирано да се победат потенцијалните противници во иновациите“.

Кина ја става вештачката интелигенција во центарот на своите истражувања, додека народната армија таму зборува за идната „интелигентна војна“. Рускиот претседател Владимир Путин уште во 2017 година рече дека кој и да стане лидер во оваа област, ќе стане и „господар на светот“.

Поврзани вести

Кочанските стопанственици остварија средба со директорите на Агенцијата за вработување и на Фондот за иновации

Берта Китинска

ФИТР: Домашните компании подготвени за инвестиции за излез од кризата

Никола Поповски

Јанкуловски: Репер за развој на инфаструктурата треба да биде она што се вика нормално ниво во ЕУ

Влатко Зорба