СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Попрво ќе го откажат одморот, одошто да се тестираат и да носат маски

Најмалку половина од германските, британските и француските туристи попрво би се откажале од патување, одошто да мора да останат во самоизолација по враќање во земјата, да се тестираат или да носат маски на отворено, покажуваат податоците од истражувањето на YouGov, спроведено од 13-ти до 23-ти јули.

Две третини од Германците кои патуваат надвор од земјата за време на годишниот одмор, ги откажале патувањата ако им било наложено да направат тест за Ковид-19 по пристигнување на местото каде што ќе сакаат да одмораат. Германија оваа недела воведе задолжително тестирање на коронавирус за патници од 130 земји во светот, пренесува Seebiz.

Половина од испитаниците од Франција, кои инаку летуваат надвор од својата земја, рекле дека преферираат да го откажат патувањето, одошто да се тестираат на коронавирус. Исто толку испитаници рекле дека би го откажале патувањето ако е потребно на одмор да носат маски на отворено. Франција воведе задолжително тестирање на Ковид-19 по доаѓање во земјата за патници од 12 земји.

Повеќе од две третини од испитаниците од Данска, Шведска, Германија и Велика Британија не би толерирале задолжително носење маски на отворено. Инаку, Шпанија воведе задолжително носење маски на отворено во јули.

Поврзани вести

Ангеловска: Дигитализацијата во време на глобална здравствено-економска криза добива нова перспектива

msp-admin

Бислимоски избран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница

msp-admin

ТВИТЕР КАЗНET ОД РУСКИ СУД: 35.000 евра затоа што не избришале содржина

Влатко Зорба