СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Помалку од милион невработени во САД побараа помош за прв пат од почетокот на пандемијата

За прв пат од почетокот на пандемијата во САД минатата недела, помалку од еден милион невработени лица аплицираа за помош, објави Американскиот секретаријат за труд.

Во првата недела по исплатата на неделната помош од 600 долари запрена на 31 јули, 963.000 невработени лица аплицираа за помош.

Заради споредба, според податоците на Секретаријатот за труд, имало 1,19 милиони апликации една недела пред тоа, пренесува „Гласот на Америка“.

Иако претседателот Доналд Трамп во саботата потпиша извршна наредба, со која треба да се продолжи исплатата на помошта во намалена сума од 400 долари, таа одлука ја следат многу непознати.

Имено, од федералните држави се бара да обезбедат 100 долари за исплата на помош, но гувернерите предупредуваа дека државите немаат доволно пари за тоа, затоа што нивните приходи се намалени како резултат на пандемијата.

Останатите 300 американски долари треба да бидат обезбедени од сојузната програма за итна помош.

Економскиот советник на Белата куќа, Лери Кадлоу изјави денеска дека Трамп планира да обезбеди неделна исплата на помош во висина од 300 американски долари, затоа што групите на индустријалци и републиканци тврдат дека сумата од 600 долари неделно ги демотивира некои од невработените да бараат работа, затоа што добиваат повеќе пари отколку кога работеле.

Американската влада минатата недела објави дека 1,76 милиони работни места биле создадени во јули.

За време на пандемијата, според податоците на Секретаријатот за труд, создадени се 9,3 милиони работни места, наспроти 22 милиони, кои се изгубени во истиот период.

Поврзани вести

Apple повторно на врвот на светот: Вреди повеќе од моќниот Amazon, но не благодарение на iPhone

Влатко Зорба

Недоверба во доларот: „Тесла“ ќе купува и злато

Влатко Зорба

Закерберг нè убедува да не бегаме од WhatsApp, а тој самиот користи конкурентна апликација

Влатко Зорба