СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Езерото Младост во Велес станува прва иновативна туристичка дестинација во земјава

Со инвестиција од околу 1 милион евра Езерото Младост станува прва иновативна туристичка дестинација во земјава, соопштија од Владата.

На Езерото Младост се спроведува проект за локална и регионална конкурентност со којшто се подобрува туристичката понуда, односно се воведуваат паметни елементи во опкружувањето на езерото како што е менаџирање со паркингот, детско игралиште, велосипеди, со коишто се олеснува на општините управувањето со ваков тип на туристички локации коишто се многу значајни.

Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска, придрушена од повеќечлена делегација денес го посетија Езерото Младост кадешто се спроведува прокет за локлана и регионална конкурентност со којшто се подобрува туристичката понуда.

Со проектот со вкупна вредност од речиси милион евра односно 62 милиони денари од кои 55,5 милиони денари се грант, а останатите се обезбедени од општината, Езерото Младост станува смарт езеро коешто ќе биде прва иновативна туристичка атракција во земјава, објаснуваат од владината прес-служба.

„Со поддршка од ваков тип на проекти создаваме атрактивни локации коишто секако ќе бидат посетени од домашни посетители, но и од странски посетители. Со воведувањето на овие паметни елементи во опркужувањето на езерото како што е менаџирање со паркингот, детско игралиште, велосипеди коишто исто така се управуваат преку одредени паметни модели, сметам дека се олеснува на општините менаџирањето со ваков тип на туристички локации коишто се многу значајни. Значајноста не е само заради тоа што тие стануваат актрактивни и ќе бидат посетени од повеќе посетители туку директно влијаат и на економскиот развој но со тоа директно влијаат и на регионалниот развој”, рече Царовска.

Покрај вицепремиерката, дел од делегацијата беа и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Мачевски, преставникот на Европската комисија Никола Бертолини и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Министерот Манчевски истакна дека станува збор за извонреден пример како дигитализацијата и интернетот на нештата може да се примени и во рурални средини и во туристички места.

Поврзани вести

„Многу интересни откритија“: Baby Boomers и Generation X ги удвоија инвестициите во биткоин

Stefanija Kuzmanovska

Виена подарува по 50 евра на семејства да одат во ресторан

Stefanija Kuzmanovska

Ако угостителите не ги почитуваат протоколи, државните институции соодветно ќе постапуваат, најави Бектеши

Берта Китинска