СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Стартап компаниите покажаа дека се решението за многу предизвици во македонското општество“

Стартап компаниите во 2020 година покажаа дека се решението за многу предизвици во општеството во Македонија а и во светски рамки. Светот стана се помал и поповрзан и се зголеми значењето на помалите градови кои прераснуваат во регионални стартап хабови. Затоа, претстојната 2021 година носи предизвик и поттик за младите од сите градови во земјава за да ги развиваат своите иновативни идеи и заедно со многуте расположливи програми и ресурси да ги преточат во стартап бизниси што во иднина ќе се двигател на економијата во земјава.

Токму ова е заклучокот на Стартап Македонија од патувачкиот караван кој се одржа во Битола, Тетово, Гостивар, Струмица и Велес преку кој со дебата за развивање на еко системот активно се дискутираше.

– Искрено воочивме неверојатен потенцијал секаде низ градовите каде директно хибридно разговаравме. Драго ни е што имаме млади кои започнуваат бизниси со голема перспектива , да се развиваат, едуцираат и сакаат да ги движат работите напред. Ние, како Стартап Македонија заедно со целиот екосистем на младите ќе им овозможиме поврзување со сите расположливи програми,директно менторство, едукација, како и алатки кои ќе им помогнат да се развиваат и надградуваат. Знаеме дека секој стартап за да премине во успешен бизнис, треба разумни потези, познавање на пазарот, директна комуникација со потрошувачи и финансиски средства, така што треба да се засукаат ракавите и младите вистински да го развиваат својот стартап, вели Игор Маџов, ко-основач на Стартап Македонија.

Овој караван, продолжува тој, ни даде насоки дека младите од помалите градови имаат капацитет да се доразвиваат и да чекорат вистински со своите врсници од цела Европа и пошироко.

– Нашата дигитална платформа ги прави сите сервиси, ресурси, настани достапни за стартапи само со еден клик и веќе брои 124 регистрирани стартапи и 45 поддржувачи организации кои ги поврзува сите учесници на екосистемот и стартап заедницата. Во 2021 година во фокусот ќе ни е ставен на претприемачкиот дух во секој град се со цел да ја зголемиме корисноста о дигиталната платформа како централно место за информирање. Дигиталната екосистем платформа и караванот се изведени со поддршка на долготрајните партнери УСАИД во склоп на проектот за развој на деловниот екосистем, посочи Маџов.

Поврзани вести

Бежоска: Постои висок степен на усогласеност на домашната регулатива за работењето на Народната банка со европската

Влатко Зорба

„Банкар“: Инфраструктурата ги попречува врските на Бугарија со С. Македонија

Влатко Зорба

Распишан нов јавен повик за реконструкција на 35 локални улици во 21 општина со вредност од околку 7 милиони евра

Влатко Зорба